На 14 декември, арената „Борис Трајковски“ ќе се претвори во најгламурозното ледено кралство кое некогаш сте го виделе! Ќе имате можност да влезете во магичниот свет на мразот, каде што ќе ве пречекаат легендарните јунаци, многу изненадувања и моменти кои никогаш нема да ги заборавите. Спектакл на мраз – за првпат кај нас ќе го донесе светскиот дух на мразното шоу, а арената ќе блесне со повеќе од 300 квадратни метри вистински мраз, кој ќе се подготвува цели 4 дена, за сè да изгледа совршено – создавајќи најголем леден под на кој некогаш сте чекореле.

Замислете го целосно замрзнатиот партер, светлата што треперат низ магичната атмосфера и вашите омилени херои кои со стил и грациозни движења лизгаат на мразот. Со вас ќе бидат Петар Пан, Елса, Супермен, Аладин, Том и Џери, Спајдрмен, Мики Маус, како и Круела. А за да биде сè како во бајка, специјален гостин ќе биде никој друг туку Дедо Мраз, подготвен да донесе празнична магија за сите нас.

Нивните улоги ќе ги играат светски познати првенци во уметничко лизгање, кои низ годините го освојувале светот со нивните прецизни движења, елеганција и совршени кореографии. Ќе гледате акробации кои го одземаат здивот и лизгачки перформанси полни со емоции.

Секој миг ќе биде волшебен, секој лик ќе раскаже своја приказна, целото шоу ќе ве однесе на патување низ фантазијата, а „Борис Трајковски“ ќе стане место каде соништата навистина оживуваат, каде магијата на мразот и светлината ја раскажуваат приказната за љубов, пријателство и храброст. Само еден ден,само едно шоу – во сабота, 14 декември, со сите омилени херои на едно место, во два термини! Првата претстава ќе биде со почеток од 12 часот, а втората со почеток од 17 часот.

Текстот Спектакл на вистински мраз со омилените херои, за првпат во Македонија – 14 декември во арена „Борис Трајковски“ е превземен од МАКФАКС.