Откако „Спанкс“ беше проценета на 1,2 милијарда долари (бидејќи инвестициската фирма „Блекстоун“ го купи мнозинскиот удел во компанијата), основачката на брендот одлучи да го сподели богатството со својот тим.
Сара организирала забава за да го прослави успехот на компанијата, а на своите вработени им рекла дека ќе ги награди бидејќи без нив не би успеала. Таа ги известила дека секој ќе добие по 10.000 долари и два авионски билети за бизнис-класа за дестинација по сопствена желба.
Со оглед на тоа што нејзината компанија има 500 вработени, ова дефинитивно не беше мал гест.
-Ако одите на патување, сигурно би сакале и да излезете на убава вечера, или би сакале да одите во убав хотел, па со два авионски билети добивате и по 10.000 долари, им рече таа на вработените.
Реакцијата на вработените заврши на социјалните мрежи.