реклама

За многу луѓе, автомобилот е втор дом, па го користат и како дополнителна „соба“ или попрецизно речено – еден вид складиште. Иако е паметно да се има предмети како продолжени кабли, дополнителна облека и чифт удобни чевли, во возилото не се чува сè. Следат шест работи што не треба да се чуваат во личното превозно средство.

1. Пластични шишиња со вода

реклама

Иако треба да се пие повеќе вода, сепак не е паметно да се чува пластично шише со вода во автомобилот. Според истражувањата, кога пластиката е изложена на топлина, може донекаде да се распадне, предизвикувајќи истекување хемикалии во водата. А, и топлата вода не е ниту вкусна, ни полезна за употреба потоа.

Наместо пакети со пластични шишиња, покорисно би било алуминиумско шише. И тоа направено да ги одржува течностите ладни.

реклама

2. Храна

Според стручњаците, никогаш не треба да чувате храна во вашиот автомобил.

реклама

– Дури и ако храната е во лимени или други кутии, сѐ се расипува ако седи во автомобилот подолго време. Кутии со храна од самопослуга треба да одат во шпајз или во друг дел од вашата куќа, објаснува Лесли Килгур, професионална организаторка на простор.

Ако храната е наменски складирана во автомобилот, таа се чува во тврд сад, за да не дојдат штетници до неа. И, никако не е дозволено предолго чување на таквата храна.

3. Електроника

Загревањето и електронските уреди се лоша комбинација. Автомобил паркиран на директна сончева топлина може да достигне 50 Целзиусови степени за еден час. Затоа, не се препорачува чување електроника во возило во мирување. А, пак, уредите оставени на видно место го прават автомобилот и можна цел на кражба.

4. Спрејови

Има луѓе кои понекогаш си ја дотеруваат косата во автомобилот, па ги оставаат тие мали лимени шишиња внатре. Лош потег. Високите температури може да предизвикаат распрскување на такво шише со аеросол, што може да биде опасно за возачот и патниците во возилото.

5. Ќесе со производи и предмети за добротворни цели

Карли Адамс, уште една организаторка на простор, вели дека сите оние непотребни нешта што сте ги намениле за дарување во добротворни цели – не треба да седат во возилото подолго време.

– Наместо да зафаќаат простор во багажникот „засекогаш“, предлагам луѓето да ги стават ќесињата во својот автомобил тогаш кога ќе одат во прифатното место, вели Адамс.

6. Валкана облека за вежбање

И тоа не е добар потег, велат познавачите, иако многумина, брзајќи дома, ја забораваат торбата за во вежбалница во автомобилот. Причината е едноставна – миризбата на искористени алишта и чорапи што неминовно го опфаќа цело возило.

Исто така, доколку потта остане на облека подолго време, тоа предизвикува трајни дамки. 

реклама