Мексиканскиот боксер, Саул Канело успеа да ги обедини титулите во средна категорија, откако во борбата во Лас Вегас, со технички нокаут во 11 рунда го совлада Келеб Плантин. Со ова, мексиканскиот боксер, освен што ги спои титулите во средна категорија во ИБФ, ВБА, ВБЦ и ВБО, стана првиот шампион од Мексико кој поседува четири титули во боксерска категорија. Тој има 57 победи од 60 борби, од кои 39 со технички нокаут, додека во кариерата има и еден пораз и две нерешени. За Кејлеб Плантин, пак, ова е прв пораз во 22 пресметки.