Специјална комисија ќе ги испитува причините за урнувањето на сондата Луна-25, која беше прва мисија на Месечината на Руската федерација по речиси 50 години. Според првичните информации, сондата се урнала на Месечината по инцидент за време на маневрите пред слетувањето, а потврда за тоа пристигна и од руската државна вселенска агенција Роскосмос

„Руското вселенско летало Луна-25 се урна на површината на Месечината на 20 август откако почна неконтролирано да се врти”, објави Роскос.

Русија на 11 август Русија го лансира своето прво лунарно летало „Луна 25“ по речиси 50 години, во обид да биде првата нација што ќе направи меко слетување на јужниот пол на Месечнината. Русија е во трка со Индија, која минатиот месец го лансира своето лунарно летало „Чандрајан 3“. Во поширока конкуренција се и Соединетите Американски Држави (САД) и Кина, кои имаат напредни програми за истражување на Месечината насочени кон јужниот пол на природниот сателит на Земјата.

Прикажи повеќе