Рускиот претседател Владимир Путин, кој отсуствуваше од последните два самита на Г-20 во Индонезија и Индија, ќе учествува на виртуелната средба на лидерите на Групата 20 на 22 ноември.
Средбата е организирана од Индија како актуелен претседавач со Г-20 и, според најавите, ќе биде еден вид продолжение на самитот што се одржа во Њу Делхи во септември годинава.
„Виртуелниот состанок на 22 ноември ќе се обиде да се надоврзе на резултатите од состанокот во септември“, рече индискиот премиер Нарендра Моди.
Рускиот претседател не присуствуваше лично на годишните состаноци на Г-20 откако ја започна инвазијата на Украина во февруари 2022 година, а на последниот самит во Индија негова замена беше министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.