Русија, една од најголемите нуклеарни сила во светот, почна да ја ажурира својата нуклеарна доктрина, изјави во понеделникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитирајќи ја претходната изјава на претседателот Владимир Путин.
„Претседателот Путин рече дека се работи на усогласување на доктрината со сегашната реалност“, рече Песков на брифингот, без да даде детали, јавува Ројтерс.
Висок член на рускиот парламент во неделата изјави дека Москва би можела да го намали времето за донесување одлуки предвидено во официјалната политика за употреба на нуклеарно оружје, доколку смета дека заканите се зголемуваат.
Путин минатиот месец рече дека Русија може да ја промени својата официјална нуклеарна доктрина поставувајќи ги условите под кои може да се користи таквото оружје.
Војната во Украина ја предизвика најголемата конфронтација меѓу Русија и Западот од кубанската ракетна криза во 1962 година.