– Спасувачката операција и потрагата по жртвите од торнадото во јужните американски држави Алабама и Мисисипи, во кое загинаа најмалку 26 лица, продолжи денеска.

Advertisements

Десетици луѓе се повредени во торнадото кое ги погоди сојузните држави во ноќта меѓу петокот и саботата, а стотици се во привремено сместување.

Властите во Мисисипи прогласија вонредна состојба.

Малиот град Ролинг Форк е уништен во торнадото кое достигна брзина од 320 километри на час.

Метеоролозите предупредија дека и денеска се очекува силно невреме на југот на САД.

Прикажи повеќе