Melihate Rustemi
Advertisements
На локалните избори во Косово Демократската партија на Мемли Красниќи освои најмногу општини, вкупно девет, додека Самоопределување само четири. Партијата на косовскиот премиер Курти го загуби вториот круг во големите градови Приштина, Призрен и Ѓаковица, а победи во Гњилане и Подујево. Во првата реакција на резултатот, Курти рече дека резултатот е лош поради внатрешни проблеми во партијата.
„Незадоволителниот резултат за нас доаѓа како резултат на некои внатрешни дефекти кои мораме да ги анализираме понатаму во продолжение, како и обединувањето на сите други против Самоопределување.“
Лидерот на демократите, Красниќи, изјави дека на овие избори народот му свртел грб на Албин Курти, додека во својот прв настап по победата во Приштина, Прпарим Рама од Демократскиот сојуз на Косово вети дека ќе ги исполни сите ветувања сè до трансформација на главниот град.
„Приштина ме направи да се чувствувам горд, го заслужуваме тоа и ви ветувам дека со најголем труд ќе работам додека не ја направиме трансформацијата што ви ја ветив.“
На локалните избори, Српската листа освои 10 општини, Демократската партија на Косово 9, ДСК седум, Алијансата за иднината на Косово пет, Самоопределување 4 и партијата Иницијатива една.