
Севернокорејската новинска агенција КЦНА објави дека шест лица во земјата починале како резултат на коронавирус, а еден од починатите бил позитивен на високопреносливата варијанта омикрон откако по две години глобална пандемија во земјата беа потврдени првите случаи на ковид-19.
Како што јави „Гардијан“, според КЦНА, 187 000 луѓе во Северна Кореја се изолирани и се лекуваат откако „треска од неидентификувано потекло се прошири низ целата земја од крајот на април“.
„Околу 350 000 луѓе во земјата покажале знаци на треска, вклучително и 18 000 лица кои пријавиле такви симптоми во вторникот“, соопшти КЦНА.
Сепак, новинската агенција не прецизира колку ковид-позитивни има во земјата.