Шпанија планира да воведе боледување за жените кои страдаат од силни менструални болки, јавува Би-Би-Си.

Advertisements

Според нацрт-новиот закон, жените може да имаат три дена медицинско отсуство месечно, а во некои околности и пет дена.

Но, политичарите предупредија дека на нацртот, кој протече во шпанските медиуми, сè уште се работи. Доколку се усвои, тоа ќе биде прво такво законско право во Европа. Само неколку земји во светот имаат такво законодавство.

Шпанскиот закон е дел од пошироката реформа која ќе вклучи промени во законот за абортус во земјата, а треба да и биде претставен на владата на почетокот на следната недела. Се планира и укинување на ДДВ за некои средства за хигиена, кои исто така треба да бидат бесплатни во училиштата.

Прикажи повеќе