Додека жените ширум светот денес држат цвеќе во своите раце, илјадници други во Украина наместо букети земаа оружје за да ја одбранат својата земја. На Твитер се појави видео-снимка каде тим со жени во воени униформи го честитаат 8 март, велејќи дека тие се Украинки и се благословени да ја бранат својата земја.
„Ние сме Украинки. Го благословивме нашиот народ да ја заштити нашата земја. Веќе ги однесовме нашите деца на безбедно. Нацијата е сигурно заштитена. Им се придружуваме на украинските мажи и војската. Ќе го уништиме непријателот во секоја педа украинска земја во секој град, секое село, шума и рамнина. За секое дете, жена, старец, срушена куќа, улица, па и штала ќе ве стреламе како бесно куче. Слава на Украина!“, Војници на Украина
Илјадници други носат куфери во една рака и деца од друга, на пат кон побезбедни места. Катерина Павловна, на овој 8 март рече дека Украинките се силни и ги повика да размислуваат позитивно.
„Би сакал да им посакам на жените да останат силни, да размислуваат јасно и позитивно. … Украинките се најсилни по дух, се ќе биде во ред. Веруваме во нив“., рече Катарина Павловна, бегалка од Украина
Наталија Григорова Левченко (65) патувала 36 часа со девојчето и нејзиниот внук од нивниот дом во областа Доњецк во Украина.
„Што може да се каже? Ми се чини како да сум во хорор. Да не беше мојата ќерка, не би можела да дојдам при свест. Оставивме сè, моето семејство, пријателите, сè за што живеевме, сè остана зад нас“, рече Наталија Григоријовна Левчинка, украинска бегалка
За разлика од нив, некои други немаа толку среќа, бидејќи руското бомбардирање им го прекина патот на половина. /Алсат.мк
Еви Шкопи