Том Брејди, американскиот фудбалер и поранешен сопруг на Жизел Бундхен, проговори за веста дека манекенката го родила своето трето дете.
Како што пренесува „Пејџ Сикс“, извор близок до Брејди рекол дека Том е среќен за својата поранешна сопруга и и посакува се најдобро. Според друг извор, Брејди дури и ја контактирал Жизел за да и честита.
За потсетување, ова е прво дете на бразилската манекенка со Хоаким Валенте. Според странските медиуми, мајката и бебето се добро. Полот и името на бебето се уште не и се познати на јавноста. Извори блиски до парот велат дека Жизел и нејзиниот партнер во текот на целата бременост не сакале да знаат дали имаат момче или девојче.
Бундхен и Брејди се разведоа во 2022 година по 13 години брак. Заедно имаат две деца, синот Бенџамин (15) и ќерката Вивијан (12).
Текстот Поранешниот сопруг на Жизел Бундхен реагираше на раѓањето на нејзиното трето дете е превземен од МАКФАКС.