Полицијата приведе две лица од Велес и Кавадарци, откако при претреси во нивните домови била пронајдена дрога
Вчера во 7:50 часот, лишен од слобода бил 47-годишниот А.Д. При претрес во неговиот дом во Велес, по претходно издадена судска наредба, била пронајдена и одземена кафена прашкаста материја.
– А.Д. бил задржан во полициска станица, а потоа, по наредба од јавен обвинител, спроведен во Основното јавно обвинителство – Велес. По издадено решение од судија на претходна постапка за изречена мерка притвор, А.Д. бил спроведен во Казнено – поправна установа „Затвор – Скопје“, велат од МВР.
Подоцна, во 13 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода Ј.А., на возраст од 31 година. При извршен претрес во неговиот дом во Кавадарци, по претходно издадена судска наредба, биле пронајдени и одземени зелена растителна материја, 21 семки од растителна материја, дигитална вага и дробилка.
– Ј.А. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.
Текстот Полицијата најде дрога при претрес на куќи во Кавадарци и Велес е превземен од МАКФАКС.