Вечерва се одржа првото полуфинале на едно од најголемите и најзначајни музички натпреварувања низ светот – Евровизија, а претставниците на 17 земји дадоа се од себе за да се пласираат во финалето.
Сепак, гласовите беа одлучувачки, а познати се првите 10 финалисти: Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.
Втората полуфинална вечер ќе се одржи во четврток на 12 мај кога и треба да настапи македонската претставничка додека пак, финалето е закажано за сабота, 14 мај.
Да потсетиме, во вечерашното прво полуфинале на Евровизија настапија 17 земји учеснички.
Со свои песни се претставија Албанија, Латвија, Литванија, Швајцарија, Словенија, Украина, Бугарија, Холандија, Молдавија, Португалија, Хрватска, Данска, Австрија, Исланд, Грција, Норвешка и Ерменија.