Американската актерка Хедер Греам во ново интервју изјави дека не жали за својата одлука да нема деца. Покрај тоа, го пофали и фактот дека сè повеќе жени одлучуваат да го направат истиот чекор.

„Имаше моменти кога се прашував каков би ми бил животот ако родев. Сепак, можам да кажам дека 80 проценти од времето сум среќна што немам деца – се чувствувам слободна и добро поради тоа – а 20 проценти од времето размислувам за тоа каков би бил. Мора да го цениш животот што го имаш“, изјави таа за Гардијан.

Греам, исто така, истакна дека е среќна што сè повеќе жени отворено зборуваат за тоа дека не сакаат деца.

„Општеството те принудува да имаш деца, но зошто? Ако не си личност која постојано им угодува на другите, што всушност сакаш?“, праша таа.

Греам, исто така, откри дека поголемиот дел од нејзиниот живот бил фокусиран на исполнување на очекувањата на другите, но дека во четириесеттите години почнала да го менува својот поглед на животот и врските.

„Сфатив дека едноставно можам да се прашам што сакам и како да се направам среќна“, заклучи таа.

Греам е позната по своите улоги во бројни филмски хитови во 1990-тите и 2000-тите.

Таа доби поширока популарност со улогата во филмот „Буги најтс“ (1997), каде што играше порно актерка, а потоа се појави во комедијата „Остин Пауерс: Шпионот што ме обзеде“ (1999), како и во хорор трилогијата „Врисок 2“ (1997).

Текстот Познатата актерка призна: „Среќна сум затоа што немам деца“ е превземен од МАКФАКС.