реклама

Пејачката Елена Ристеска била нападната во кафуле, а по објавите на социјалните мрежи се огласи и самата пејачка.

„Чувствувам должност и почит спрема целата јавност и новинарите да ви се обратам околу натписите каде се споменува моето име.

реклама

Да, точно е дека имаше обид за напад кон мене, но за истото е поднесена кривична пријава и очекувам од полицијата да го разреши случајот.

Очекувам поддршка од сите вас бидејќи ова ми се случи без причина и повод. Не се грижете јас сум добра, ви благодарам на сите кои ми пишувате да изразите поддршка.

реклама

После 21година кариера, градење на име и реноме на пристојна и нескандалозна личност, ова за мене е нешто што мислам дека најмалку сум го заслужила и го гледам како обид да се извалка моето име.

И покрај сето ова, јас продолжувам да пеам за моите фанови“, напиша таа.

реклама