Бугарскиот премиер Кирил Петков и претседателот Румен Радев денеска излегуваат од изолација, откатко и двајцата беа во контакт со лице позитивно на вирусот.

Изолацијата на Кирил Петков и Румен Радев може да се укине доколку и двајцата дадат негативен резултат од ПЦР тестот, а бидејќи и двајцата имаат бустер доза од вакцината, тие автоматски се ослободени од обврската за понатамошен карантин.

Правилото е дел од новата уредба на Министерството за здравство на Бугарија за рокот на карантин и изолација.

Петков и Радев прво се самоизолираа, а потоа беа и официјално ставени во карантин, откако на Советодавниот совет за национална безбедност во понеделникот биле во контакт со претседателот на Народното собрание Никола Минчев, за кој се покажа дека е заразен со коронавирус.

Прикажи повеќе