Пациентите кои не доаѓаат на магнетна резонанца, на време да ги откажуваат термините, за тие да бидат ослободени за други пациенти, апелира заменик-министерката за здравство Маја Манолева.
Министерството за здравство излезе со бројка од 24.000 реализирани магнетни резонанци и околу 4.500 термини што се откажани, така што би апелирала да сите пациенти кои имаат закажан термин ако не се во состојба да го реализираат да навремено преку својот матичен лекар го откажат терминот за да тој биде слободен за други пациенти, вели Манолева.
Според неа, тоа е околу 20 отсто од термините, што, како што кажа, не е мала бројка.
Тоа е сериозен капацитет којшто би можел да биде искористен за другите пациенти. Тоа е едната работа и истото се случува и со скрининг мамографијата. Голем дел од закажаните прегледи не се реализираат, дијагностички постапки не се реализираат, туку се остануваат празни, не ги откажуваат пациентите а други пациенти на коишто сметаат дека тоа им е потребно или не го направиле тој скрининг не можат да ги закажат, рече Манолева.
Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на вакциналниот пункт во поликлиниката „Јане Сандански“, во врска со линеарното покачување на платата на здравствените работници, рече дека ќе има усогласување со минималната плата.
-Во март ќе има ќе има усогласување согласно Законот за минимална плата, не само на здравствените работници, туку и на сите други помошно-техничкиот персонал и административните работници во здравствениот сектор, одговори Манолева. нд/аа/
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.