Осумгодишно девојче е убиено во напад со нож во основно училиште во градот Даеџон, додека наставничка е повредена, јави денеска новинската агенција Јонхап.

Нападот наводно се случил на вториот кат од училиштето околу 18 часот по локално време.

Девојчето било пренесено во болница без свест, но им подлегнало на повредите.

Повредената наставничка била прободена со нож во раката и вратот, но  е свесна.

Полицијата започна истрага за инцидентот.

Текстот Осумгодишно девојче убиено во напад со нож во училиште во Јужна Кореја е превземен од МАКФАКС.