Технолошкиот стручњак Боб Ли (43), кој го предводеше тимот за креирање на оперативниот систем Андроид и основач на апликацијата „Кеш“, е убиен во Сан Франциско. Тој бил нападнал во вторникот, во три часот по полноќ, а полицијата го пронашла неговото тело со повеќекратни убодни рани од нож во близина на висококатница. Ли бил веднаш префрлен во болница, каде набрзо потоа починал.

Advertisements

Боб Ли во 2021 година се придружи на крипто компанијата „МобајлКоин“ (MobileCoin). Беше и директор на компанијата „Сквер“ (Square), основач на апликацијата „Кеш“ (Cash), а претходно работеше и во Гугл (Google).

По повод убиството на Ли, се огласи и извршниот директор на „Тесла“ и сопстевник на Твитер, Илон Маск и го критикуваше бранот на насилни злосторства во Сан Франциско од почетокот на пандемијата на ковид-19.

Прикажи повеќе