Делегацијата на Европската Унија заедно со Европската куќа го одбележуваат 9 Мај Денот на Европа 2022 година преку низа активности организирани под слоганот #ThinkForward.
Advertisements
Како што соопшти Делегацијата на ЕУ во земјава, со оглед на тоа што 2022 година е Европска година на младите, програмата вклучува голем број активности кои се посветени ним и кои ги вклучуваат младите.
Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир и младите европски амбасадори Рената Пенчова и Александар Каратошо денеска ќе имаат интеракција со младите од WB6 од Европската куќа во Скопје. Промотивниот настан ќе се пренесува во живо на Фејсбук страната на Делгацијата на ЕУ,