Во САД пристигна нов леден бран, што доведе до откажување на стотици комерцијални летови.
Британските медиуми јавуваат дека бранот ледени бури се протега од сојузната држава Ново Мексико, во југозападниот дел на САД, до Вермонт на североисток од земјата.
Гувернерите на сојузните држави апелираа до граѓаните да избегнуваат движење по автопатиштата, а на училиштата и универзитетите им наложија да ја прекинат наставата.
Во Мичиген се очекуваат околу 30 сантиметри снег, а надлежните служби издадоа предупредување да не се патува.