Полска и Хрватска од 20:45 часот на Националниот стадион во Варшава ќе одиграат натпревар од четвртото коло од групата А1 во Лигата на нации.
Хрватите во овој меч влегуваат како втори во групата со шест бода, додека Полјаците се на три бода, што значи дека според сегашниот поредок треба да одат во плеј-офот за опстанок во елитната дивизија во Лигата на нации.
Полскиот новинар Пјотр Квјатковски кој работи за „Еуроспорт“ е незадоволен од резултатите на репрезентацијата.
„Пржеглад Спортови“, откри дека Квјатковски му испратил навредливи пораки на полскиот селектор Михал Пробијеж (52) во 4 часот и 20 минути, ноќта по поразот на Полска од Португалија.
Полските медиуми ги објавија пораките што Квјатковски ги испрати до селекторот.
„Ретко со години функционираат луѓе кои се целосно несоодветни за одредена област, а вие сте апсолутно неподобни за тренер. Апсолутно не сте способни да бидете тренер“.
„Вашите прес-конференции се трагедија“.
„Ти си олицетворение на полскиот фудбал. Не си доволно добар, што никој не ви го кажал, но вие мислите дека сте доволно добар“.
Квјатковски се извини за своето однесување во изјава за „Пржеглад Спортови“: „Ме обземаа емоции по уште еден лош натпревар. Му се извинувам на селекторот и му посакувам многу среќа против Хрватска“.
Во септември 2023 година, Пробијеж ја презеде репрезентацијата на Полска, со која во 14 натпревари оствари седум победи, три нерешени и четири порази.
Претходно во кариерата раководеше со голем број полски клубови и со полската репрезентација до 21 година. Со Краковија и Јагелонија го освои Купот на Полска во 2010 и 2020 година, а со истите клубови го освои националниот Суперкуп во 2011 и 2021 година.
Текстот Новинар на „Евроспорт“ му испратил навредливи пораки на полскиот селектор е превземен од МАКФАКС.