Во војната во Украина загинаа и две момчиња кои имале албанско потекло, а се бореле во украинската армија. Веста ја соопшти поранешниот премиер на Албанија, Пандели Мајко, преку објава на Фејсбук. Тој напиша дека од конзулот на Албанија во Украина бил информиран за смртта на двете момчиња. Станува збор за Дерментли Анатолиј, роден во 1980 година со поткело од селото Каракурти во областа Одеса каде живеат Албанци. Бил мобилизиран во Запорожје. Втората жртва бил Хајдаржи Данило, роден во албанско семејство во 2002 година во селото Георгивка. Вчера во градот Запорожје се одржаа погребните церемонии на две момчиња, а беа поставени и албанското и украинското знаме.