Соединетите Држави и Русија водат разговори во Саудиска Арабија за војната во Украина. Ова се први директни разговори меѓу овие две земји од почетокот на војната. На денешните преговори не присуствуваат ниту Володимир Зеленски, ниту други украински функционери. Всушност, Зеленски не беше поканет да учествува.

„Украина нема да учествува во овие преговори и не знае ништо за тоа што се одржуваат во Саудиска Арабија. Украина верува дека преговорите за Украина без Украина се бескорисни… Ние нема да признаеме такви договори“, рече Зеленски, кој денеска е во Турција на средба со претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата среда, по телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, објави дека ќе започне разговори со цел итно ставање крај на војната во Украина. Путин ги испрати својот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и советникот за надворешна политика Јуриј Ушаков.

Американскиот државен секретар Марко Рубио се состанува со руски претставници, заедно со Мајк Волц, советникот на Трамп за национална безбедност и Стив Виткоф, пратеник на Белата куќа за Блискиот Исток.

Текстот На разговорите меѓу САД и Русија не се поканети украински функционери: каде е Зеленски денеска е превземен од МАКФАКС.