На социјалните мрежи кружи видео во кое Доналд Трамп Јуниор, најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп, наводно отворено ја поддржува Русија во епизода од неговиот подкаст Triggered.

Се работи за лажна снимка, објави Трамп Јуниор, а истото го потврдија и двајца негови соработници.

Таа епизода од Triggered with Donald Trump Jr. не постои на Spotify.

Дру Линч, извршен продуцент на шоуто на Трамп Џуниор, потврди дека видеото е лажно, „Ова аудио е апсолутно, 100% лажно“, изјави тој за Mediaite.

Ендрју Сурабијан, соработник и советник на Трамп Џуниор, исто така потврди дека видеото е лажно. „Ова е 100% лажен звук генериран од вештачка интелигенција, но сигурен сум дека тоа нема да ги спречи сметките против Трамп да продолжат да го шират“, објави тој на Икс.

Што има на снимката?

„Искрено, не можам да замислам некој со здрав ум да ја избере Украина за сојузник кога Русија е другата опција“, вели лице за кое се тврди дека е Трамп Џуниор на неговиот подкаст.

„Замислете, огромна нуклеарна сила, полна со природни ресурси насекаде, буквално најголемата земја во светот. А потоа, ха ха, тука е Украина, која има кучиња отпорни на радијација и Чернобил… А администрацијата на Бајден рече – о, да, тоа е сојузникот што го сакаме. Одиме да ги фрлиме сите пари на нив. Искрено, ако ништо друго, САД требаше да испратат пари во Русија“, се вели во снимката.

Текстот Наводна снимка од синот на Трамп стана вирална: „Требаше да испратиме пари во Русија“; Тој: Лажна е е превземен од МАКФАКС.