Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска изјави дека Европската унија ќе треба да воведе санкции за руската енергија, како што се нафтата и гасот „порано или подоцна“, бидејќи блокот сака да го засили притисокот врз Москва соочени со извештаите за воени злосторства извршени во Украина од ,како што велат украинските власти, руските трупи.
„Мислам дека ќе бидат потребни и мерки за нафтата, па дури и за гасот, порано или подоцна“, изјави Мишел во своето обраќање пред Европскиот парламент.
Мишел ги повика европските пратеници да размислат за таквите потези, насочени кон главниот извор на приход на Москва, откако извештаите за „воени злосторства“ извршени од руски војници во градови како Буча беа „уште повеќе доказ дека руската бруталност против народот во Украина нема граници.