Kосовската влада да им дозволи на Србите да гласаат на претстојниот референдум организиран од Србија, повика денеска меѓународната заедница. Во заедничката изјава на неколку западни земји се изразува жалење што косовската влада не дозволи Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) да собира гласачки ливчиња од Косово за време на референдумот во недела на 16-ти јануари.
Србија на 16 јануари организира референдум за измена на Уставот во областа на правдата.
„Ја повикуваме косовската влада да им дозволи на Србите во Косово да го остварат своето право на глас на изборите и изборните процеси во согласност со воспоставената практика. Ги повикуваме владите на Косово и Србија да се воздржат од тензични акции и реторика и да се вклучат конструктивно во дијалог со посредство на Европската унија“ се наведува во заедничката изјава на Франција, Германија, Италија, Обединетото Кралство, САД и Европската унија.