Усман Дембеле во јуни 2022 година ќе биде слободен агент, бидејќи ќе му истече договорот со Барселона.
Едно од најскапите засилувања во историјата на Каталонците засега одбива да го продолжи договорот, а претседателот на клубот Жоан Лапорта за тоа ги обвинува агентите.
„Ние ја презентиравме нашата понуда. Мислам дека тука проблем се агентите и нивното толкување на работите. Сакаме да му покажеме на Дембеле дека парите не се најважни“, вели Лапорта.
Точно е дека Барселона сака да му ја намали платата на Дембеле поради финансиските проблеми на клубот, но во понудата дополнително ги зголеми бонусите за успех на клубот и играчот индивидуално.
Првиот човек на Барселона смета дека Дембеле е подобар играч до Мбапе.
„Јас го обожавам Дембеле. За мене тој е подобар од Мбапе. Тој сака да остане, ние сакаме да остане и се надевам дека работите ќе завршат наскоро и сите ќе бидат среќни“, додаде Лапорта.