РК Вардар 1961 има нов трнер во името на Давид Дејвис .По официјалната потврда и назначување за прв стратег на македонскиот шампоион , навивачката група Комити ја поздравија веста и испратија порака за новиот кормилар.
„Еден од оние кои на 4-ти Јуни 2017г ни го честитаа 30-тиот роденден со Европска титула ! Следната сезона повторно сме во Келн помеѓу 4-те најдобри во Европа, и таа 2018 година се разделуваме. За потоа повторно да се сретнеме во 2019 кога ни ја честиташе втората Европска титула, но како тренер на поразениот тим во финалето 2019-та – Веспрем.Овој човек учеше од најдобрите, и има заслуги за 3 домашни титули, 3 СЕХА титули, 2 Купа на Македонија, 2 пласмани во Келн и 1 Европска титула, а со тоа и пласман на Супер Глоуб, или неофицијалното интерконтинентално ракометно клубско првенство.
Да му посакаме Добредојде и успеси на кои заедно ќе се радуваме на Давид Дејвис Камара“, порачаа „Комити“.