Убавата Гркинка Елена Папаризу беше победничка на Евровизија во 2005 година, а потоа со гласот и стасот ја маѓепса Европа, а нејзината песна и денес е голем хит.
Немаше човек кој не ги знае зборовите на оваа песна, а Елена беше прогласена за најубава натпреварувачка таа година. Со долга кафена коса и совршена линија, таа не можеше да остане незабележана.
По Евровизија и големиот триумф, Гркинката продолжи да се занимава со музика. Има снимено десет албуми, а нејзините песни често ги обработуваат некои пејачи од Србија.
Таа беше во брак со менаџерот Тони Мавридис со кој помина 12 години, но таа врска заврши со развод, што со месеци беше главна тема на грчките медиуми. Како што напишаа, Елена и нејзиниот сопруг дошле во конфликт за поделба на имотот.
17 години подоцна, Елена е тешко да се препознае. Пејачката се здебелила неколку килограми, а косата ја обоила во посветла нијанса.
Како што пишуваат грчките медиуми, Елена редовно оди кај пластични хирурзи, а сето тоа оставило последици врз нејзиниот изглед.
Еве како изгледа сега: