Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), ја направи првата селекција, избирајќи 20 од 43-те пристигнати наслови на годинашниот конкурс.
Комисијата има обврска да го соопштат наградениот роман најдоцна до 15 март.
Наградата, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, а исто така е поддржана и од Министерството за култура на Република Северна Македонија, годинава се доделува 26-ти пат. Таа се состои од плакета, уникатна статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
Минатата година наградата ја доби романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска, во издание на издавачкиот центар „Три“ од Скопје.
Текстот Избрани 20 романи во првата селекција за наградата „Роман на годината“ за 2024 година е превземен од МАКФАКС.