![](https://zoom.mk/wp-content/uploads/2023/05/lag-4648847_960_720-780x470-3.jpg)
По пребројани 75 отсто од гласовите, актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган има 54,03 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат, Кемал Киличдароглу 45,97, пренесуваат локалните агенции.
Според очекувањата, разликата помеѓу двајцата кандидати би можела да се намалува како се ближи пребројувањето кон крај, но неизвесно е дали би можело да се очекува резултатски пресврт.