Украинскиот претседател Володимир Зеленски навести дека преговорите на високо ниво меѓу Москва и Киев може да се одржат во Ерусалим.

Advertisements

Зеленски во видеообраќање до граѓаните ги пофали напорите на израелскиот премиер Нафтали Бенет да ја преземе улогата на посредник. Тој изјави дека Израел вложува многу напори за организирање мировни преговори меѓу Русија и Украина.

„Веруваме дека разговорите со Русија ќе започнат порано или подоцна, веројатно во Ерусалим. Тоа е вистинското место да се најде мир, ако е можно“, рече Зеленски.

Прикажи повеќе