Од појавата на првиот случај на ковид-19 се пријавени вкупно 351 708 заболени и 9 995 починати лица асоцирани со коронавирус. Во текот на 2024 година, регистрирани се вкупно 1 392 заболени и 16 починати лица асоцирани со коронавирус.
Министерот за здравство Арбен Таравари минатата недела најави донација од 11 илјади вакцини против ковид-19, која во наредните десетина дена треба да пристигне во земјава.
Најавата на Таравари дојде откако изминатиот период се регистрирани зголемен број позитивни случаи на вирусот.
Претходно, поради зголемениот број позитивни случаи на ковид-19, Комисијата за заразни болести повика граѓаните да се придржуваат до општите мерки за превенција од респираторни инфекции. Тоа подразбира да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце и избегнување близок контакт со заболени лица.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.