Засега нема интерес за колективно сместување на украински бегалци во земјава, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Во изјава за медиумите по одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на Армијата, Петровска рече дека бегалците кои доаѓаат во земјава престојуваат кај роднини и пријатели и дека засега не се користат објектите за колективно сместување.
– Полска е првата земја што граничи со Украина и таму е концентрацијата на големиот број бегалци од Украина, рече Петровска.
Посочи дека премиерот имал телефонски разговор со неговиот украински колега и дека земјава согласно капацитетите е подготвена да прими одреден број на бегалци.