Епидемиологот д-р Драган Даниловски смета дека ковид-сертификатите треба да се укинат под итно.
Знаеме дека вакцините не штитат од заразувањето, а посебно што цвета бизнисот со фалсификати. Неприфатливо е што со стручно-неисправна и бесмислена мерка да се инсистира да се зголеми опфатот со вакцинација. Тоа е бесмислено, потенцира докторот.
Даниловски е скептичен за резултатите од скринингот што се прави на неколку локации низ Скопје, бидејќи според него, не се проведува пропорционални и систематски.
Не може по случаен избор да се собираат граѓани. Вака ова ѓутуре се вели народски, како кога се прават анкети за политички и разно разни работи. Аматерски е, вели Даниловски, додавајќи дека покрај Скопје како најголема територијална единица, има и други населени места сите имаат разлилна големина и треба пропорционално да се собере одрреден број граѓани за тестирање од секоја од тие територијални единици.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.