Врие денес „мрежата” од наслови кои соопштуваат дека четири лица починале од Ковид-19 минатата недела! Сите лажат! Не починале ОД Ковид-19. Починале СО Ковид-19, реагира епидемиологот д-р Драган Даниловски, откако ИЈЗ повторно почна да споделува извештаи за заразени лица. „Во текот на минатата недела (09-15.09.2024), пријавени се 4 починати лица асоцирани со КОВИД-19, од Скопје (2), Битола и Тетово. Сите починати лица се на возраст над 70 години, 3 од нив се починати во болнички услови, а кај 3 лица се регистрирани коморбидитети. Сите лица се невакцинирани против КОВИД-19.” Што значи ова? Ова значи дека починале од некоја своја хронична болест (тоа е основната причина за смрт), а Ковид-19 бил само придружна (асоцирана) состојба (болест) која го забрзала настапувањето на смртта. А тоа понатаму значи: Ковид-19 не смее да се наведе како ,,основна причина за смрт”, туку само како ,,асоцирана” (придружна). Накратко: Ниту еден од четирите починати минатата недела не умрел од Ковид-19! (Иако биле заразени!) Медиуми, портали, поединци и други, не вознемирувајте го народот со лажни вести! Намерно ли е тоа или од незнаење? Сменете ги насловите, „ако ви е вистината мила”!, апелира тој.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.