Најчесто трансферите одат на релација Дортмунд – Минхен, но овојпат Марсел Сабицер заминува во спротивна насока. Австриецот потпиша договор до јуни 2027 година, а „милионерите“ платија отштета од 19 милиони евра.
Тој мината полусезона играше во Манчестер Јунајтед како позајмен играч од Баерн Минхен, а сега и комплетно ја напушти „Алијанц арена“.
„Не можам да дочекам да го облечам дресот и да почнам да игра за Борусија Дортмунд. После разговорите, сфатив колку амбициозен клуб. Ќе дадам сѐ од себе да помогнам Борусија Дортмунд да ги оствари своите цели“, изјави Сабицер.