Овен

Голем број на планети во вашето поле на кариера и бизнис ќе донесат посебна динамика и ќе ви донесат значителен напредок во остварувањето на вашата најважна цел. Овните кои се во врска овој период можат да поминат низ краткотрајна криза на самодоверба. Важно е да бидете што е можно поискрени со партнерот. Нервоза.

Бик

Овој викенд ќе ви донесе чувство на стабилност во бизнисот. Оваа состојба ќе биде придружена и со финансиска стабилизација. Биковите во врската поминаа низ период на криза поради различните ставови со партнерот. Сега доаѓа влез во помирни води и зближување. Главоболка.

Близнаци

Доминантна атмосфера на овој ден може да биде планирањето на работните активности за наредната недела, што со себе носи предизвик за приспособување на новите деловни задачи. Оние Близнаци кои се незадоволни од својата врска можат да влезат во паралелна врска со личноста која ја запознаваат преку работата. Пневмонија, консултирајте се со доктор.

Рак

Ве очекуваат многу важни одлуки, ако сега преземете мудри деловни потези, тоа може да ви донесе успех на долг рок. Односот со партнерот ви поминува низ фаза на стабилизација. Вашата врска е обележана со вашето растечко зближување. Слободните Ракови ги очекува почеток на страсна љубовна врска со личност во знакот Јарец или Шкорпија. Исцрпеност на организмот.

Лав

Работите конечно се одвиваат според вашите очекувања. Посебен успех ве очекува на службени патувања и преку соработка со странска компанија или лице од странство. Во овој период Лавовите може да поминат низ фаза на недоверба. Постои можност за љубоморни сцени, па затоа е многу важно да се задржи ладна глава во тие моменти. Одморете повеќе.

Девица

Овој период ќе биде одбележан со подобрување на финансиската состојба. Посебен успех ги очекува оние Девици кои се занимаваат со недвижнини, образование и трговија. Девиците кои се во врска може да имаат недоразбирања со партнерот. Се разликувате во начинот на размислување и гледање на важните прашања. Добивате трнење.

Вага

Сега е вистинско време да побарате покачување на платата од претпоставените. И покрај оваа позитивна енергија на финансискиот план, постои можност некој од вашите колеги свесно да ја поткопа вашата репутација. Се чувствувате како осаменик во врската и затоа планирате сериозен разговор со партнерот за да го промените тоа. Нервоза.

Шкорпија

Овој период може да ви донесе успех во деловните преговори, како и склучување на важен долгорочен договор за соработка. Слободните Скорпии можат да запознаат интересна личност во знакот Лав или Вага. Тоа запознавање може да дојде преку работа или на патување. Најдете начин да се ослободите од негативната енергија.

Стрелец

Овој период можеби донесе разочарување кај некои соработници. Некој можел да ве измами во последен момент, а вие не сте подготвени да го преболите. Стрелците во врска минуваат низ криза. Постои можност за љубоморни сцени и недоверба од страна на партнерот. Постојано чувствувате студ.

Јарец

Овој период ви носи преглед на претходната деловна недела. Навистина имате причина да бидете горди и среќни со вашите резултати. Јарците кои се во врска малку го занемаруваат партнерот поради обврските, но време е тоа да се промени. Потребна ви е постојана активност.

Водолија

Овој период на Водолијата и носи можност за повеќе деловни можности кои можат да бидат подеднакво добри. Слушајте ја вашата интуиција. Постои можност да стапите во врска базирана повеќе на физичка привлечност отколку на емоции, но не сте подготвени да се посветите во моментот. Главоболка.

Риба

Овој период може да ви донесе завршување на долгорочен проект. Слабата алка во вашиот тим може да ве чини профитабилна работа. Врската во која се наоѓате може да донесе некои компликации подоцна, бидејќи тие во моментот не се подготвени да се посветат, додека партнерот може да има сосема различни ставови. Слаба циркулација.