Сојот омикорн е детектиран кај осум пациенти од Скопје и еден од Кочани, потврди Министерството за здравство.
МЗ ја информира јавноста дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот омикрон на вирусот SARSCoV2.
Во лабораторијата изработени се 24 примероци позитивни на SARSCoV2, примероците се од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и Богданци. Од вкупниот број тестирани, кај 9 пациенти, детектирана е Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 37,5% од позитивните примероци. Сите позитивни пациенти се од Скопје, а еден е од Кочани, соопшти МЗ.
Прв случај на сојот омикрон во Македонија беше детектиран на 22 декември, кај прележан и вакциниран патник кој дошол во земјава од Велика Британија, и имаше полесна клиничка слика.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.