Групата на Милан Радоњичиќ, одговорна за инцидентот кај Бањска, често се движи во близина на косовската граница. Косовскиот министер за одбрана, Ејуп Македонци, вели дека групата претставува безбедносна закана, додека останува неказнета. ТОЈ во интервју за Косова прес, вели дека Србија, преку воени вежби долж границата, сака да изврши притисок врз Косово, така што продолжува да претставува закана за земјата.

„ Оваа група е поддржана од безбедносните структури на Србија, земајќи ги предвид доказите што се пронајдени, со посебен акцент на системите за оружје што ги користеше оваа група кои беа системи произведени во фабриките во Србија, и кои не можат да се купат на комерцијалниот пазар…Фактот дека оваа група продолжува да биде слободна во Србија и често се движи блиску до косовската граница останува закана за безбедноста и стабилноста. Присуството на овие фронтовски оперативни бази на српската армија и жандармерија недалеку од границата со Косово продолжува да претставува закана за нашата земја“, рече Ејуп Маќедонци, Министер за одбрана на Косово.

Тој рече дека милитаризацијата на Србија од страна на Русија и Кина, претставуваат закана за дестабилизација на целиот Западен Балкан.

„…милитаризацијата и распоредувањето на многу воени единици на југот од територијата на Србија, недалеку од границата со Косово, е понатамошно воено проширување на хегемонистичките цели. Оваа милитаризација придонесува за дестабилизација не само на нашата земја, туку и на целиот Балкан во целина. И покрај ова, решени сме да го браниме територијалниот интегритет на земјата и суверенитетот со сите средства и можности, секогаш во соработка со сојузниците и меѓународните трупи во Косово“, додаде тој.

МаКедонци вели дека членството во НАТО е итна потреба за безбедноста на Косово. Според него, Косово направи големи чекори во однос на подготовката да биде дел од Северноатлантската алијанса. Тој рече дека унапредувањето на статусот на Косово во Парламентарното собрание на НАТО, ќе помогне да се постигне оваа голема цел за Косово./Алсат.мк

Шкелзен Аќифи