Германската влада вели дека планира да издаде повеќе од милијарда евра воена помош за Украина.
Министерот за финансии на земјата, Кристијан Линднер, потврди дека владата одлучила да ја зголеми меѓународната помош за одбранбениот сектор на 2 милијарди евра, а повеќето од нив ќе бидат наменети за Украина како воена помош.
Овие средства Украина најмногу треба да ги користи за купување воена опрема, објави Асошиетед прес.
Овој потег дојде по притисокот од Украина, бидејќи претседателот Зеленски денеска повторно побара повеќе оружје од земјите што го поддржуваат, но и по критиките од другите влади на ЕУ за „очигледниот недостаток на поддршка од Германија за Киев“./Makfax