Запишувањето нови информации со рака му помага на вашиот мозок да ги запомните работите поефикасно отколку да ги пишувате на уред, покажа новото истражување, што е во спротивност со вообичаената поврзаност на дигитализацијата со напредокот, објави „Frontiers“.
– Кај пишувањето со рака, шемите на поврзување на мозокот се многу посложени отколку кога пишувате на тастатура – вели Одри ван дер Меер од Норвешкиот институт за наука и технологија и коавтор на истражувањето.
Познато е дека таквата обемна активност на поврзување во мозокот е суштинска за формирање меморија и кодирање нови информации и затоа е корисна за учење, објаснува Ван дер Меер по тестирањето на 36 ученици.
Пенкалото и хартијата, како и училишните табли, сѐ повеќе се заменуваат со екрани во училиштата и универзитетите низ светот, што е во погрешна насока и може негативно да влијае врз учењето, пишуваат научниците. Тие повикуваат учениците да бидат изложени на активности со пишување со рака за да му обезбедат на мозокот оптимални услови за учење.
Заклучоците се објавени по трендот на враќање на пишувањето со рака во некои училишта во САД и треба да доведат до барем делумно враќање на ракописот во училиштата каде што тој опадна.
Извор: Frontiers