Во Болницата во Гевгелија постои ризик од затворање на одделенијата за гинекологија и педијатрија заради лошите услови за работа и неправилности при исплата на работните часови што резултира со демотивиран здравствен персонал и во оваа јавна здравствена установа, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Во нивната објава на Фејсбук се вели дека лекарите од овие две одделенија се дестимулирани со неисплатата на полн фонд часови за повик, а и повиците скоро и да не се плаќаат и на овој начин педијатрите и гинеколозите се демотивирани и без стимул за работа со што под прашалник е доведена нивната работа доколку од страна на менаџментот на болницата не се преземат соодветни мерки.
Заканата од затворање на овие одделенија е токму во моменти кога заради педијатрите населението и од валандовскиот регион кое за овие здравствени услуги патуваше во Струмица, повторно се врати во Болницата во Гевгелија.
Зошто гинеколозите не дежураат туку им се наложува работа во смени, а со тоа им се крати од заслужената плата
Зошто педијатрите не дежураат и нема разбирање од менаџментот за организирање дежурства со што би биле помотивирани да работат
Лошиот менаџмент на Болницата во Гевгелија последната година се соочува со тужби за неисплатени работни часови, кратење на средства за исплата и сл. Платите на средно-медицинскиот персонал се на ниво на минималната плата, а незадоволството е огромно.
За овие штетни политики потребно е веднаш да се преземе одговорност зашто штетата што сега се прави е на долг рок ако се земе во предвид дека за надополнување на специјалистички кадар потребни се неколку години, стои во објавата на Комисјата за здравство.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.