Украинците настапија во големото финале на Евровизија вечерва на 12.

Публиката цело време аплаудираше со нив, а на крајот добија уште еден громогласен аплауз.

„Ве молам, направете се за да и помогнете на Украина. Помогнете му на Мариупол. Веднаш да го спасиме Азовстал“, изјави фронтменот на бендот по настапот.

Инаку, Украинците се уште се први во обложувалниците и многумина им предвидуваат победа на овогодинешниот Евросонг.

По повод вечерашната Евровизија, говореше и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: