Меланија Трамп за неколку часа и официјално ќе стане прва дама на САД по втор пат. И додека многумина се прашуваат каква модна комбинација ќе носи на инаугурацијата, се чини дека повеќето дизајнери не се заинтересирани за соработка со Меланија.

Имено, нејзиниот стилист Ерве Пјер вели дека многу од најпознатите дизајнери не ја сакаат многу идната прва дама.

„Модната индустрија навистина не ја сака г-ѓа Трамп. Тоа не е тајна. Некои се многу отворени и би можеле да направат нешто посебно, но повеќето не се“, коментира Пјер за Women’s Wear Daily.

Тој тврди дека неодамна доживеал прилично непријатна ситуација во дизајнерски бутик на авенијата Медисон. Имено, тој рече дека јасно му ставиле до знаење дека не е добредојден во таа продавница, за што Пјер вели дека не е изолиран случај.

Многумина сè уште се сеќаваат на нејзината облека од првата инаугурација на Трамп. Во тоа време таа носеше светлосин фустан на Ралф Лорен со соодветни ракавици. Таа беше впечатлива и на денот на претседателските избори, кога облече две различни комбинации на Диор – дојде да гласа во црно-бел фустан со точки, а за време на победничкиот говор носеше сив костум на Диор.

По изборната победа на Трамп, голем број луѓе почнаа да го фалат нејзиниот моден израз на социјалните мрежи. „Барем ја добивме оваа дива во следните четири години“, „Таа е икона“, „Дивата од Балканот“, „Таа е единствената причина што сум донекаде во ред со оваа катастрофа“, „Таа е единствената добра работа што излезе од овие ситуации“, „Јас не сум фан на Трамп, но живеам за нејзините комбинации“, „Среќен сум што се врати“, напишаа на „Тик ток“.

Текстот (Видео) Стилистот на Меланија Трамп: Модните дизајнери не сакаат да работат со неа, не им се допаѓа е превземен од МАКФАКС.