Полицијата во јужниот индиски град Бангалор ја прекина улична свирка на британската поп ѕвезда Ед Ширан, велејќи дека тој ги нема потребните дозволи, објави во понеделникот Би-би-си.

Видеото на кое се гледа како локален полицаец го исклучува микрофонот на Ширан на прометната улица во Бангалор стана вирално на социјалните мрежи.

Официјални лица изјавија за новинската агенција АНИ дека барањето на тимот на Ширан да свири на улица било одбиено за да се избегне метеж во областа.

Но, Ширан на Инстаграм рече дека „имале дозвола да свират“.

„Затоа, нашето свирење на таа локација беше однапред договорено. Не случајно се појавивме таму. Но, сè е во ред. Се гледаме вечерва на концертот“, додаде тој.

Текстот (Видео) Полицијата во индискиот град ја растури уличната свирка на Ед Ширан, снимката стана вирална е превземен од МАКФАКС.