Постојат различни приказни и легенди за мистериозните куќи ширум светот, а поради нивната мистерија привлекуваат илјадници туристи желни за авантура. Една таква се наоѓа во Сан Хозе, Калифорнија, а многумина тврдат дека е најопседната куќа во светот.
Имено, во далечната 1886 година, ексцентричната Сара Вимчестер купила куќа која на почетокот имала осум соби. Сара не била задоволна од изгледот на куќата и се фрлила на реновирање кое се претворило во доживотен проект на кој потрошила приближно 5,5 милиони долари.
Откако таа почина во 1922 година, беше откриено дека таа претворила скромна куќа во неверојатна зграда со модерен водоводен систем, 160 соби, шест кујни и два подрума. Куќата има две илјади врати и 10.000 прозорци. Сепак, некои други работи поврзани со оваа необична куќа се уште почудни.
Сара поставила неколку врати во куќата кои не се отвораат. Некои прозорци се поставени во простории без никаков извор на светлина. Куќата има неколку скали кои не водат никаде. Сè е полно со тајни премини, а посебна атракција е шкафчето кое кога ќе се отвори води низ 30 соби во куќата.
Се разбира, наскоро се појавија многу приказни и легенди дека луѓето се обиделе да објаснат зошто Сара, која била вдовица на Вилијам Вирт Винчестер, изумителот на пушката Винчестер, го направила тоа.
Многумина веруваат дека во куќата била опседната од духовите на сите погубени од споменатото оружје и дека собите се всушност одраз на кошмарите што ги доживеала во последните години од животот. Други тврдат дека изградила лавиринт за да избега од злите духови кои ја прогонувале. Таа, наводно, дури спиела во различна соба секоја вечер за да избега од нив.
Во секој случај, мистериозната куќа Винчестер денес е главна туристичка атракција која ја посетуваат голем број љубители на необјасниви појави, особено оние кои веруваат во духови. Десетици посетители го почувствуваа „присуството“ во неа, поради што често ја нарекуваат и најопседната куќа на светот.